| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО регистрира знаци на руско повлекување од украинската граница

руси

Руските трупи последните денови забавено се повлекуваат од украинската граница, но засега главните сили и натаму се во нејзина близина – изјави денеска офицер на НАТО кој побара анонимност.
– Има индиции дека на некои локации опремата и материјалот се пакуваат и се подготвуваат за движење – изјави офицерот на НАТО.
Тој напомена дека активноста што НАТО ја воочува може да значи забавено и фазно повлекување на армијата.
Украинска државна гранична служба во неделата соопшти дека руската војска се повлекува од нејзината граница.
Според наводи на ИТАР-ТАСС, рускиот претседател Владимир Путин на 19 мај ја потпишал наредбата за повлекување на армиските единици во базите по завршувањето на воените вежби во регионите на Ростов, Белгород и Бријанск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top