Во Тексас, САД, синоќа беше егзекутиран маж осуден на смрт за убиство на пријателка во 1994 година. 48 годишниот Карл Блу ја запалил Кармен Ричард Сандерс бидејќи сакала да живее со друг маж. Блу се обидел да го запали и нејзиниот пријател, но тој преживеал, по што сведочел на суд против него.
Тоа е прва извршена смртна пресуда во Тексас каде минатата година беа егзекутирани 15 луѓе. Уште 11 чекаат на извршување на смртна казна со смртоносна инекција.
Во државата Џорџија беше егзекутиран маж заради убиство на две лица во 1995 година. Тоа е прва пресуда извршена во државата по законски промени.
Американската држава Мериленд објави дека властите разгледуваат укинување на смртната казна. Со тоа Мериленд ќе биде 18-та од 50 држави во кои нема да се извршуваат смртни казни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.