| четврток, 6 декември 2018 |

Патниците од поплавените автомобили се спасувале преку прозор

Nevreme skopje (16) (Custom)

Две возила се целосно потопени кај подвозникот на стоковна куќа „Мост“, а спасувачките екипи успеале да ја извлечат од водата само една од нив. Во водата која се насобрала во нискиот дел под мостот има насобрано разни предмети. На местото вечерва пристигна и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој разговараше со лицата кои биле во возилата.
Еден од патниците ни изјави дека водата се насобрала за кусо време и успеале да излезат од автомобилот преку прозорите. Другото возило сё уште се наоѓа под водата.

На булеварот кај Олимписки базен бил поплавен подрум од куќата, која се наоѓа на самиот булавар. Станарите се обидуваат да ја исфрлат водата од подрумот, но возилата кои поминуваат повторно им ја враќа назад во подрумот.

На булеварот Србија во населбата Ново Лисиче градежна дупка се одронила од обилниот дожд и повлекла две возила, кои биле паркирани покрај неа.

Извор: Н. Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top