| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник украл автомобил и прегазил две девојчиња

Седумнаесетгодишно момче од Хрватска го искористило невниманието на своите родители, кои биле на прослава, и откако ги украло клучевите од автомобилот, прегазило две девојчиња.

Несреќата се случила во населбата Ново Вирје во Хрватска, а момчето кое го искористило отсуството на родителите за да го украде автомобилот возел со голема брзина кон местото каде што се наоѓале неговите родители.

Некаде околу 19.15 часот малолетното момче загубило контрола на автомобилот, при што прегазило две девојчиња и се удрил во ѕидот од зградата.

Девојчињата веднаш биле пренесени во болница од каде што велат дека едното девојче е со тешки повреди, но нема опасност по животот, а другото е со полесни повреди.

Седумнаесетгодишното момче ќе заработи соодветна казна за стореното дело, по завршување на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top