| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Да живеат сите народи од поранешна Југославија!

 

novak

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да им дава поддршка на загрозените жители од поплавените подрачја во Србија, Хрватска и во Босна и Херцеговина.

„Срцето ми се кине кога гледам колку луѓе се евакуирани и загрозени во Босна! Преку 950.000! Издржете браќа… Помош ќе стигне од светот“, напиша Ноле.

nole2

Големиот тениски ас по освојувањето на турнирот во Рим реши целата награда од 700.000 евра да ја донира како помош за настраданите. Преку порака на „Твитер“ им се обрати и на Хрватите, но  и на сите народи од поранешна Југославија.

„Исто така, гледам дека истокот на Хрватска е погоден од поплави. Искрено се надевам дека вас нема да ве погоди во таа мера како Србија и Босна. Чувајте се“, пишува Ѓоковиќ.

Да живеат сите народи од поранешна Југославија. Бог нека е со вас, напиша најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на неговиот профил на „Твитер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top