Невестата не сакала да се венча без родителите и кумовите кои останале заробени во водата. За работата да биде уште полоша, кај нив биле и бурмите, костумот на младоженецот и венчаницата.
Одеднаш се појавил некој човек на чамец, кој успеал да се пробие во поплавата и да ги донесе нејзините родители и кумата. Брзо се облекле и во рок од половина час ја повикале локалната матичарка која ги венчала. За сѐ да биде поинтересно до тогаш врнело, а кога дошле, одеднаш огреало сонце.
Двојката на сето тоа гледа како на добар знак, а на свадбата која ја планирале требало да имаат 670 гости. По свадбата, родителите со чамецот повторно се вратиле дома, а матичарката кажала дека во животот немала понеобична венчавка.
– Работам 26 години. Сум венчавала на најразлични места, па дури и во воз. Но, ваква венчавка досега не сум видела. Беше многу потресно, а некои и плачеа – изјавила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



