Кампањата „Напред розово 2014“ е настан од поширок јавен интерес чија основна цел е подигање на свеста кај населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка.
Како дел од денешната манифестација „Розова прошетка 2014“ во градскиот парк во Скопје, учесниците се приклучија кон розовото возење со велосипеди, организирано во соработка со неформалната групата „На Точак“ која го популаризира урбаното возењето на велосипеди, рекреацијата и здравиот живот.
Министерката Гордана Јанкулосвка, која шеста година по ред учествува на оваа манифестација, посочи дека преку здружението „Борка“ недвосмислено и јасно се покажува за секој човечки живот.
– Розовата прошетка веќе стана една добра традиција во Република Македонија и секоја година чекориме заедно со сите оние на кои им е потребна поддршка, но и за сите оние за кои терба да ја подигнеме свеста за потребата од рано дијагностицирање и превентивни активности, затоа што се работи за здравјето и човечките животи и затоа што сите траба да покажеме масовност кога се работи за солидарноста, порача Јанкулоска.
Поддршка на оваа благородна и хумана акција и годинава даде првата дама на Македонија, Маја Иванова.
– Денес ја развиваме „розевата панделка“ низ улиците на град Скопје и повторно ќе кажам ако денеска нашата розева панделка што ќе ја развиваме птиикне барем една жена, една малда девојка да отиде да направи преглед навистина сме постигнале голем успех, истакна првата дама Иванова.
Традиционaлно за време на кампањата се продаваат и добро познатите розеви производи: дизајнирани маички, марами, шољи, магнети, алки и привезоци изработени во боите и симболите на кампањата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
Почна судењето за „Тенк“
-
Во деветти месец од бременоста сум, покажете ги на дело фразите за заштита на мајката и детето – Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска
-
Јанкулоска: СЈО може да отвори и милион случаи, без аргументи, на база на кафеански муабети







