| четврток, 6 декември 2018 |

Занети се опрости од зелениот терен, Пандев стоеше на неговата рака (фотогалерија)

Капитенот на Интер Хавиер Занети синоќа го одигра последниот натпревар за неговиот клуб на „Џузепе Меаца“, а соиграчите се потрудија со победа да го испратат во заслужена пензија.  Интер го совлада Лацио со 4:1.

фото: ЕПА

Занети во игра влезе во 55.минута и носеше специјално изработена капитенска лента со испишани имиња на сите фудбалери со кои играл во Интер изминатите 19 сезони. На капитенската лента направена пишуваше Zanneti 4 Ever (Занети засекогаш), а на истата се најде и името на доскорешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев.

По синоќешната победа Интер остана со големи шанси следната сезона да игра во Лига Европа.

За разлика од „неро-азурите“, шансите за излез во евро-куповите следната сезона ги загуби Верона која на домашен терен одигра само 2:2 со Удинезе и не направи исчекор кон горните позиции на табелата.

Двојки за претпоследното, 37.коло во Серија А:

Аталанта – Милан, Болоња – Катанија, Каљари – Киево, Ливорно – Фиорентина, Сампдорија – Наполи, Сасуоло – Џенова, Торино – Парма и Рома – Јувентус.

Табела:

Јувентус 96 бодови,
Рома 85,
Наполи 72,
Фиорентина 61,
Интер 60,
Торино 55,
Парма 54,
Милан 54,
Верона 54,
Лацио 53,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top