| четврток, 6 декември 2018 |

Бибер има нова девојка

Џастин Бибер има нова љубов. Дваесетгодишниот пејач изминатите неколку дена е снимен во друштво со непозната убавица. Секако, непозната само до пред неколку денови затоа што веќе е познато нејзиниот име.

Таа е Јована Вентура, се занимава со моделинг, има 18 години и сѐ уште оди во средно училиште во Мајами. Освен тоа, на нејзините голем број фанови на Инстаграм (бројот на следбеници брзо се зголеми, па сега ги има околу 225 илјади) најмногу сака да им покажува како изгледа нејзиното тело и им дава упатство за тоа како да се хранат и како да вежбаат, со што и заработува.

biber-devojka

Неименуван извор за „Е!“ изјави дека Јована му оставила многу голем впечаток на Бибер.

– Џастин сакаше да ја запознае. Ја побара. Не е многу силно, но многу се дружат во последно време. Односот им цвета, и не би ме чудело веќе да се официјално во врска. Комуницираат од март, кога тој контактирал со неа. Кон почетокот на април, кога тој дојде во Мајами, се дружеа за викенд. Тогаш поминаа заедно неколу дена. Сѐ уште се запознаваат. Од нивната последна средба во Лос Анџелес, Вентура на „Инстаграм“ објави фотографија каде што напиша: – Со мојот пријател Џастин Бибер.

biber-devojka1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top