„Македончиња… Добра ви ноќ… Ќе ви се обратам дури задутре доцна во ноќта да ви раскажам колку сте мизерни. Ама треба пред сѐ да се почитуваш себеси, за да ги почитуваш другите…. Чест на исклучоците… Сѐ поретки и поретки се…. Поздрав“, вака Тамара Тодевска синоќа, по првото полуфинале на „Евровизија“, се обрати преку нејзиниот профил на „Фејсбук“.
Пејачката е таму како придружен вокал на нејзината сестра Тијана, која утре, на втората полуфинална вечер, ќе пее како претставник на Македониија.
Тамара не откри кој до толку ја изреволтирал, а статусот доби голема поддршка од нејзините пријатели.
Македонската евровизиска делегација веќе една недела е во Копенхаген, Данска. Меѓу неколкуте проби и интервјуа, Тијана, Тамара, Пере и Димитар имаа неколку настапи во евровизиското село.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


