Во првиот годинашен натпревар од македонската ракометна лига победник е тимот на РК Вардар минимално со 25-24.
Македонскиот шампион можеше многу порано да го реши победникот имајќи предност од четири гола во вториот дел, но жилавите маталурзи предводени од натурализираниот македонски репрезентативец Ренато Вугринец не се предадоа и на крајот на натпреварот задоволно со насмевка си одат од СЦ Борис Трајковски со минимален пораз.
Во овој натправар сите шест голмани кои беа на располагање на Раул Гонзалес и Лино Червар влегоа во игра, но немаа свој ден. Во последните 10 минути Станиќ и Ангелов успеаа да фатат по некоја топка, но тоа не беше доволно за да некој од тимовите успее да се наметне во нападот и да го реши шампионатот уште по првиот меч.
Вугринец со 10 и Дибиров со седум погодоци беа предводници на двата тима. Вториот дуел се игра на 8 мај, а домаќин е РК Металург. Одлуката каде ќе се игра натпреварот сеуште не е донесена, но постои можност натпреварот за шест дена да се игра во салата во Автокоманда.
Првакот на Македонија директно се пласира во Лигата на шампионите догодина, додека вториот на табелата треба да игра бараж средби.
Симпатизерите на двата клуба коректно ги испратија актерите на теренот и најавија одлична претстава на вториот натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.