Какви фотографии поставуваат „Фејсбук“ профилот различните хороскопски знаци и колку често ги менуваат сликите, откријте.
Овен
Овенот не е голем љубител на „Фејсбук“, така што за фотографија на профилот ќе избере некое животно или нешто смешно и тоа ќе стои мошне долго без да ја промени фотографијата. нема да постави своја фотографија, а и ако го стори тоа, тогаш тоа ќе биде фотографија со друштво. генерално Обенот не се занимава многу со овие нешта, бидејќи повеќе сака да се дружи со пријателите отколку да четува со некого на интернет.
Бик
Бикот ќе ја постави својата најубава фотографија што ја има и че ја остави таму засекогаш. Фејсбукот за него претставува пријатен начин да го помине времето и да дознае што има ново кај неговите пријатели. неговата активност на социјалната мрежа се состои од постирање песни, смешни видео-клипови и извадоци од омилената книга.
Близнаци
Близнакот има голема смисла за хумор, па така воопшто нема да се двоуми да постави некоја своја смешна фотографија исмевајќи се самиот себе си. Се разбира дека нема да ја остави догло на профилот, бидејќи наскоро ќе му здодее, па ќе постави друга исто така смешна. Не се воздржува да го покаже својот природен изглед и не преферира „средени“ фотографии, кои не и одговараат на реалноста!
Рак
Ракот многу внимателно избира фотографија која ќе ја постави на својот профил. Може да поминат неколку денови додека не одлучи која е најдобра и која ќе предизвика најмногу позитивни коментари од неговите пријатели. Можно е да избере и некоја од детството или некоја на која е во друштво на драги личности.
Лав
Фотографијата која ја истакнува неговата отменост и сјај, Лавот ќе сака да ве импресионира. Фејсбукот е само уште еден начин да се промовира себе си и да предизвика воодушевување и позитивни коментари од другите. Се разбира, често ќе ја менува сликата на профилот со цел да го задржи вниманието на своите пријатели и да собере што повеќе „лајкови“.
Девица
На девицата и се допаѓаат фотографии со пејзажи, било таа да ги посетила или можеби таму сака да оди. нема навика да поставува своја фотографија, но кога ќе одлучи да го стои тоа, ќе постави фотографија со идилична позадина од некое од своите патувања.
Вага
Вагата би можела да оди и кај професионален фотограф за на профилот да има најубава фотографија која ќе ги истакнува нејзините карактеристики. Често ја менува фотографијата на профилот за да држи чекор со својата психичка состојба и моменталното расположение.
Шкорпија
Шкорпијата на својот профил ќе ја постави најмистериозната и секси фотографија и ако процени дека успеала да ги завлече мислите на своите пријатели ќе ја остави таму мошне долго. Добрата работа е тоа што токму фотографијата ќе и помогне да го зголеми бројот на „пријателите“.
Стрелец
Фотографијата на неговиот профил, која долго нема да ја промени е онаа на која е прикажан токму онака каков што навистина изгледа. меѓутоа неговите албуми честопати ќе бидат ажурирани со фотографии од најразлични патувања.
Јарец
Јарецот нема навика често да ја менува сликата од профилот, меѓутоа сликата која ќе ја избере треба да задоволува два критериума: да го нагласува интензитетот на погледот и да ја прикажува неговата професионална активност. Инаку, најчеста причина поради која јарецот го отвора својот профил е од професионална природа.
Водолија
Водолијата има обичај да поставува слики од своите омилени уметници или познати личности на кои им се восхитува. често го менува својот профил бидејќи на тој начин индиректно моѓе да ги зивести своите пријатели за тоа што и се случува и како е расположена.
Риби
Рибите се големи романтичари на Фејсбук и тоа го докажуваат со поставување на симпатични и слатки сликички или фотографии од романтични пределеи. Често го менуваат профилот и го ажурираат статусот, објавувајќи слики, песни со кои ги разнежнуваат своите пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.