| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици муслимани протестираат во Прага поради притворање на 20 лица при молитва

Неколку стотици муслимани се собраа денеска во близина на зградата на Министерството за внатрешни работи во Прага, на протест против неодамнешната полициска интервенција и притворањето на 20 лица при молитва, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град. Според полицијата, акцијата била спроведена поради сомнеж за ширење на расизам преку издавање и дистрибуција на книга со несоодветна содржина.

Собирот е мирен, а некои од учесниците носат транспаренти на кои на англиски е напишано „Само книга“.

– Предупредуваме на порастот на екстремизмот и антимуслиманското расположение… кое може да предизвика такви (полициски) активности, се вели во соопштението на Центарот на муслиманските заедници во земјата.

Според претседателот на Центарот, Муниб Хасан Алрави, муслиманите се загрижени поради „бранот на исламофобични коментари“, кои се случиле по полициската акција.

Алрави изрази стравувања дека постојат и директни закани за членовите на муслиманското малцинство во Чешка.

Според информациите на медиумите, полициската акција е поврзана со книгата „Основите на таухид – Исламскиот концепт на Бога”, каде според познавачите има екстремни ставови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top