| четврток, 6 декември 2018 |

Индијана израмни на 2-2, Антиќ со скромни 2 поени за Атланта

Индијана пејсерс го врати ударот и со гостинска победа од 91-88 во четвртиот меч израмни на 2-2 во првата рунда од плејофот во серијата до 4 победи против Атланта хоукс.

Перо Антиќ одигра 25 минути и постигна скрпмни 2 поени со лош ефект од поле и еден погоден удар од 6 обиди. Антиќ ја игра првата сезона во НБА, со одличен ефект, но во плејофот игра послабо, најмногу поради повредата на скочниот зглоб која го мачи уште од финишот на регуларниот дел.

Индијана како првопласирана екипа во Источната конференција, си ја врати предноста на домашен терен, со вечерашната победа. Пол Џорџ постигна 24 поени, а одлична партија одиграа и Дејвид  Вест со 18 поени и Џорџ Хил кој уфрли 15 поени.

Кај Хоукс Пол Милсеп беше лидер со 29 поени и 7 скока. Следниот меч од серијата е во Индијана, а до крај се игра по принципот дома-гости, со напомена дека евентуалниот последен седми дуел ќе се игра на теренот на Пејсерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top