Македонија е во изборен период, а темата избори не е избегната ниту на социјалните мрежи. Напротив, „Фејсбук“ е претворено во најголем промотор на политичарите, париите и на нивните програми, како и во простор каде што се води најголемата дебата. Под секој линк објавен на „Фејсбук“ поврзан со политика се редат низа коментари, расправии, навреди.
Се чини, поактивни се поддржувачите на опозицијата. Членовите на двете партии активно објавуваат статии од портали на кои е посочена нивната програма, како и нивните активности во овој предизборен период. Но, сепак, опозицијата некако подобро успеа да го искористи овој бесплатен начин на промовирање. Нивните поддржувачи постојано повикуваат на поддршка на СДСМ и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Пропагираат, прашуваат, критикуваат, па дури и навредуваат. Тука влегуваат и новинарите што работат во медиуми поддржани од опозицијата. Кај речиси секој од овие новинари ќе најдете статус од типот – добро, што толку ви се допадна кај Иванов во овие пет години додека беше претседател за пак да гласате за него, или, пак, за првпат гласам од срце заокружувајќи го бројот пред името на Пендаровски. Тоа не е случај кај другата страна. Главни промотори се активните партиски членови и тука некаде завршува таа пропаганда преку „Фејсбук“…
(Целиот текст можете да го прочитате во најновиот број на неделникот Република (бр.86), кој ќе биде во продажба од утре – петок, 25.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.