| четврток, 6 декември 2018 |

Јаховиќ е во одлична форма, со два гола сам го победи Иличивец

Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ игра одлично за Ворскла Полтава и со два гола речиси сам го победи Иличивец во првиот меч од 25. коло во украинското првенство. Јаховиќ погоди од пенал во 49. минута и во финишот, а Ворскла победи и остана во игра за излез во Европа.

Со 6 гола Адис е на делба на 12. позиција на листата со најдобри стрелци во украинскиот шампионат. Ворскла со меч помалку се наоѓа на седмата позиција со 36 бода и се надева на пласман во Лигата на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top