На меѓународниот аеродром во Тирана е уапсен Герти Пашја (30) по кого албанската полиција имаше распишано меѓународна потерница, бидејќи се смета за еден од главните организатори во испраќањето албански граѓани на боиштата во Сирија.
Како што пренесува „Дневник“, тој бил уапсен на аеродромскиот терминал веднаш по слетувањето на авионот од Истанбул.
На Пашја, познат под верското име Ебу Муџахиди, Судот за тешки кривични дела во Тирана му изрече мерка притвор, заедно со уште неколку Албанци, кои се недостапни за полицијата, како и на седум други, меѓу кои и самопрогласените имами, Генци Бала(35) од џамијата„Нов прстен“ во Тирана и Бијар Хиса(43) од џамијата во селото Мезез, кои се сметаат за главни организатори.
Регрутираните Албанци откако пристигнувале во Турција, биле пречекувани од соработници на самопрогласените имами, меѓу кои главен бил Пашја, кој, наводно, е имам во кампот каде што се регрутираат Албанци што завршуваат во Сирија. По вежбите, тие одат во Алепо, каде што се делат во две групи, едната раководена од поранешниот имам на џамијата од Лешница кај Подградец, Аљмир Даци, а другата под раководство на турски емир. Заменик-командант на оваа група е Зеид Ал Албани од Елбасан. Муслиманите што од Албанија одат во Сирија не се борат со сириската опозиција, туку завршуваат борејќи се заедно со милитантите поврзани со Ал каеда, познати како групата Ал Нусра, која е прогласена за терористичка организација од страна на ОН, САД, Австралија и на Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија