Лионел Меси не сака да игра на позицијата крилен напаѓач, а пораката што му ја прати на тренерот на Барселона е јасна. Тата Мартино го стави аргентинскиот ас да игра како крило, што го разлути најдобриот играч на Барса.
„Меси му испрати јасна порака на Мартино. Истрча само 6,8 киклометри против Атлетико Мадрид во реваншот од Лигата на шампионите. Тоа беше еден вид протест на Лео против одлуката на тренерот. Ситуацијата е идентична со конфликтот меѓу Ривалдо и Ван Гал. И Холанѓанецот сакаше да му ја смени позицијата на Ривалдо, па настана огромен проблем во тимот“, вели Радомир Антиќ, поранешниот стратег на Барса и на уште неколку големи европски клубови.
Меси сака да игра на позицијата плејмејкер или како полушпиц, но никако не на крилните позиции, а јасно е дека со пристигнувањето на Нејмар, кој е сличен профил на играч, Барса има проблем. Како да се вклопи во еден систем на игра триото Меси, Нејмар и Иниеста, тоа се навидум слатките маки на Мартино, кои сѐ повеќе се претвораат во горчлив проблем на Барса. Тимот не е веќе во трката за трофејот во ЛШ, а полека го губи здивот и во битката за титулата во шпанското првенство.
Вечерва во Валенсија, Барселона има шанса да освои трофеј со победа против Реал Мадрид во финалето на Кралскиот куп на Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Меси и неговата нова мајсторија за која зборува цел свет! (Видео)