| четврток, 6 декември 2018 |

Возете внимателно по влажни коловизи, забрана за тешки товарни возила на Ѓавато и на патот Охрид – Ресен

amsm

Од 7 часот и 30 минути утрово е воведена забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Охрид – Ресен, соопшти Авотмотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на другите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од земјава има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица од местото Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. На овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top