
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, откако гласаше во ОУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров, изрази благодарност до граѓаните, до сите учесници во изборниот процес, што, како што рече, и овој ден и претходните денови, поминаa во најмирна и најдемократска атмосфера.
Тој истана дека се надева дека и во следните две недели до 27 април, кога ќе има и предвремени парламентарни избори, изборниот процес ќе помине во најдобар ред.
– Тоа, секако, е многу значајно за Република Македонија и за нејзината оценка за демократската свест што владее во Република Македонија – истакна Вељаноски.
Вељаноски изрази надеж дека граѓаните ќе го изберат идниот претседател на Република Македонија и на 27 април ќе ги изберат новите пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


