Конзервативниот американски политичар Пет Бјукенен и поранешен републикански кандидат за Претседател на САД, тврди дека Господ е настраната на Претседателот на Русија, Владимир Путин.
Во колумната објавена на еден конзервативен сајт, Бјукенен напишал дека Западот станал Гомора, а Русија е „третиот Рим“, пишува „Дејли мејл“.
-Путин, знамето на Русија цврсто го зари на страната на традиционалното човештво, напиша Бјукенен, јастербна американската политика.
Тој смета дека Западот стана извор на секое зло.
-Многу евроатлански земји се оддалечија од своите корени, меѓу останатото и од христијанските вредности, потсетува Бјукенен.
Тој се согласува дека Руското преземање на Крим е божја работа и е дел од божествен план.
-„Владимир Путин точно знае што прави, а Москва е божјиот град на денешницата и центар на контрареформацијата против новиот паганизам.Престолнината на Русија е база од која ќе се поведат културната, општествената и моралната војна против Западот, вели Бјукенен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


