Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Шестата изборна единица, Никола Попоски денеска во Тетово се сретна со Здружението на пензионери, ја посети Шарената џамија, а оствари средби и со спортистите од овој град.
При посетата на Шарената џамија, Попоски оствари средба со тетовскиот Имам на која оцени дека џамијата е од особено културно значење за државата, посебно што таа претставува единствен објект од таков тип. Покрај ова, Попоски ја посети галеријата-Амам каде што има изложба од македонскиот уметник Никола Јовановски.

За време на посетата, носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6 се сретна и со навивачката група „Војводи“, како и со спортистите во Тетово. На средбите нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е голем поддржувач на спортот и младите, притоа истакнувајќи ги проектите како што се изградбите на спортските сали и фудбалските игралишта изминатите години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)


