Во Градскиот парк во Скопје денеска се одржа втората Женска трка, која се организира под покровителство на Град Скопје. Оваа трка е една од промотивните трки на Визр скопски маратон 2014 година, а целта е да се превенираат заболувања преку активно вежбање и поттик да се вклучат што поголем број жени од различни возрасти.
Ентузијазмот на учесничките не го наруши ниту дождот.
На тркатаѝ претходеше полчасовно загревање со аеробик вежби, а потоа се учесничките во трката истрчаа еден круг околу паркот во должина од еден километар.
Оваа година трката се совпаѓа со одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот, прогласен од Обединетите нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.