| четврток, 6 декември 2018 |

Евролига: Мекејлеб и Фенербахче сѐ подалеку од четврт-финалето

Во 13. коло од Евролигата, Мекејлеб со неговиот тим Фенербахче загуби на гостински терен од Лаборал Куча со високи 22 поени разлика (95-73). Со тој пораз скапиот проект на тренерот Обрадовиќ речиси е без шанси за пласман во четврт-финалето бидејќи на три кола до крајот заостанува со две победи зад Олимпијакос, кој има и натпревар помалку и вечерва игра на гости кај одамна отпишаниот Анадолу Ефес.
Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекелјеб беше најефикасен на паркетот со 19 поени за помалку од 31 минута игра. Кај домаќините дури шест играчи постигнаа двоцифрен број поени. Нив ги предводеа Плајс и Ночиони со 15 поени.

Во останатите натпревари од групата Е, Панатенаикос победи во Атина против Уникаха со 69-60 и му останува да оствари уште една победа за да се пласира во четврт-финалето.

Барселона во средата го доживеа првиот пораз по 13 кола во оваа фаза од Евролигата и тоа од Армани Милано со 91-63. Но, и тоа не ѝ ги помати сметките и е сигурен патник во следната фаза, и тоа од првото место на табелата.

Во еднинствениот натпревар од групата Ф, Макаби во Минхен ги урна сите надежи на Баерн за пласман во следната фаза. Во натпревар со многу кошеви, Макаби победи со 94-92 во последните моменти од натпреварот. Макаби извојува значајна победа и се зацврсти на третото место на табелата.

Во останатите натпревари од 13. коло денеска се среќаваат:

ЦСКА Москва – Галатасарај, Реал Мадрид – Локомотив Кубан, Партизан – Жалгирис, Анадалу Ефес – Олимпијакос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top