| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку скопски населби утре без струја

Без електрична енергија утре ќе останат делови од скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Сарај и Сопиште. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје известуваат дека во перидот од  09:30 до 15:00  без струја ќе бидат корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 77 во општина, а од 08:30 до 15:30 и дел од ул. Милан Марковиќ, ул. Илија Плевев, дел од корисниците од ул. Козле и од ул. Стрезево  во  општина Карпош.

И делови од општината Ѓорче Петров ќе бидат без струја и тоа од  13:00 до 15:30  корисниците од село Волково, ул. 54 и ул. 46 во Кисела Јабука, а од  09:00 до 13:30  без струја ќе бидат и корисниците ул. 58 и 76 во село Волково.

Во општина Сарај утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од Агино Село и дел од село Копаница во периодот од 10:00 до 12:00  часот, корисниците од село Грчец, дел од ул. 2  од  09:00 до 15:00 часот, како и дел од с.Сарај, ул. 20 -главна улица -кај џамијата во општината Сарај во периодот од 09:00 до 15:30  часот.

И дел од општината Сопиште утре ќе остане без струја, и тоа од 09:00 до 16:00 часот  дел од село Сопиште, а од 08:30 до 14:30 часот  без електрична енергија ќе бидат и корисниците од село Света Петка.

Прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради планирани технички зафати

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top