| четврток, 6 декември 2018 |

Добитник на лотарија планира да потроши 242 милиони долари во добротворни цели

ht_powerball_winner_sr_140401_16x9_992

Американецот Реј Бакстон доби 425 милионии долари на лотарија, но откако ќе му се одбијат парите за данок, ќе му останат 242 милиони долари. Тој листот за лотарија го уплатил на бензинска пумпа во Северна Каролина.

Тој планира парите да ги потроши на патување, но најмногу сака да им помага на гладите деца ширум светот, како и да им помогна во здравствената заштита и образованието.

Тој изјави дека со часови ги проверувал бројките со цел да утврди дека тој е вистинскиот добитник.

– Неверојатно е како еден лист хартија може да ви го смени животот – изјавил Бакстон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top