| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Поддршката на Иванов во договорот со Кина е директна поддршка во економијата

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на вечерашниот митинг во Радовиш истакна дека политичката поддршка на актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов во договорот со Кина за изградба на автопатот Миладиновци –Штип е директна поддршка во економијата од негова страна.

-Речиси една година баравме решение со Кинезите за структурта на финансирање и кога дојдовме до крајот на проектот му фалеше политичка поддршка. Тогаш Иванов оствари средба со претседателот на Кина и веднаш потоа проектот целосно се договори и веќе е започната неговата реализација, истакна Пешевски.

Вицепремиерот за економски прашања посочи дека покрај овој се градат уште два автопати, а се работи и на рехабилитација на железничката пруга по коридорот 10, како и на отворање на слободни економски зони.

Пешевски кој пред присутните граѓани во Радовиш ја побара поддршката за Иванов нагласи дека често се гледаат индивидуалци кои се одлични и врвни експерти со својата струка, но има луѓе кои слабо можат да се снајдат да работат во тим.

-Иванов е човек кој покажа што значи да се работи во тим, тим кој ја води државата. Тим предводен од ВМРО-ДПМНЕ, каде е Коалицијата „За подобра Македонија“. На врвот се Иванов и Груевски, кои го даваат тонот каде се движи држават, истакна Пешевски.

Тој додаде дека во изминативе години од сите донесени позитивни закони не постои човек кој не почувствувал позитивни промени во било кој аспект од живеењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top