| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Видиќ го одржа Јунајтед во живот, Атлетико ремизираше во Каталонија

На првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампиони, актуелниот европски шампион Баерн Минхен одигра нерешено на гостувањето во Манчестер, а истиот резултат беше забележан и на шпанскиот дуел меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Манчестер во водство дојде во 58. минута по корнерот кој го изведе Руни, а Видиќ ја погоди мрежата. Израмнувањето на Баерн му го донесе Швајнштајгер девет минути покасно, а на крајот од натпреварот заработи и црвен картон.

Во Барселона домашниот тим не успеа да ја наплати доминацијата на теренот. Поведе Атлетико по феноменалниот гол на Диего во 56. минута, а Нејмар го израмни резултатот во 71. минута.

Реванш натпреварите во Минхен и во Мадрид ќе се одиграат за осум дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top