| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Приоритети ќе ми бидат економијата, демографијата, демократијата

Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на вечерашниот митинг во Делчево како свои приритети, во извршувањето на претседателската функија, доколку биде избран, ги подвлече економијата, демографијата, демократијата и човековите права и слободи.

– Мои стратешки цели за кои ќе се залагам во извршувањето на претседателската функија ќе бидат: департизација на државата, еднаквост и правда за сите граѓани. Срамота е за остварување на правата што му следуваат по устав и закон на секој граѓанин некој да ви бара партиска книшка, рече Пендаровски.

Обраќајки им се на земјоделците Пендаровски рече дека нивниот труд е омаловажен и потценет, а целото подрачје на Пијанецот и Малешевијата е фрлено на маргините.

Тој посочи дека наскоро во Републука Македонија ќе има нова власт која, како што рече, ќе работи во корист на сите граѓани, непристасно и без да ги дели луѓето ниту по партиска, верска, етничка или која било друга припадност.

Зборувајќи за дипломатијата и за надворешната политика Пендаровски рече дека ќе се залага спорот со нашиот јужен сосед да би де решрн принципиелно без да има победени и победници, туку со дипломатска битка и решенија што ќе ги поддржат мнозинството од македонските граѓани.

Од митингот во Делчево Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски апелираше на 13 и на 27 април граѓаните масовно да излезат на гласање и со тоа да го дадат својот максимален придонес за новиот почеток на Република Македонија.

Пендаровски во текот на денот оствари и повеќе средби со граѓани во општинските центри на Македонска Каменица, Пехчево и Берово при што посети повеќе селски населби во Малешевско – пијанечкиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top