Септември е месецот кога Слаткар и Сања кога ќе го кажат судбоносното „да”, односно тогаш е закажана свадбата.
– Кум ќе ни биде Мартин, кој е долгогодишен пријател на Марко и се заедно уште од деца, а старосватица ќе ми биде мојата најдобра другарка, откри Сања за Вечер.
Сања вели дека се уште нема конкретни детали околу венчавката.
И покрај тоа што уште не знаат каде ќе се венчаат, парот веќе ги има одбрано кумот и старосватицата кои ќе бидат нивни сведоци во црква и матично.
Двојката веќе неколку години живее заедно во станот на манекенката, а во врска се цели пет години. Сања инаку работи и како пи-ар на Слаткар и му ја води кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.