Патник во авион на „Луфтханза“, што денеска летал од Минхен за Будимпешта, за кого германските медиуми пишуваат дека веројатно е азилант од Косово, за време на летото и се заканувал на една од стјуардесите, поради што летот бил прекинат и
авионот бил вратен во Минхен.
Дел од медиумите наведуваат дека патникот е уапсен, а стјуардесата минала со полесна повреда на раката.
Баварските власти деманира дека специјални единици на германската полиција интервенирале во совладување на азилантот, за кого се знае дека патувал без полициска придружба.
Според извештајот на весникот „Зидојче цајтунг“, човекот кој со брич или нож и се заканувал на стјуардесата, најверојатно, е протеран азилант од Косово на возраст од 33 години, кој, според првичните информации, требало да биде вратен во земјата на своето потекло.
За сега е непознато како човекот успеал покрај безбедносните контроли во авионот да внесе брич или нож, пренесуваат германските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.