
Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски очигледно е толку импресиониран од неговиот ментор Бранко Црвенковски што почнува да ги применува и неговите потези.
Пендаровски за време на денешната посета на Старата скопска чаршија застана да ги исчисти чевлите и при тоа сакајќи да ја покаже својата галантност како неговиот шеф, постапи крајно арогантно фрлајќи ја банкнотата од 1.000 денари на земја пред чевларот.
Потегот на Пендаровски ги постети граѓаните на неговиот шеф Црвенковски кој пред четири години, кога се обидуваше очајно да го подобри својот рејтинг исто така ја посети чаршијата исто така му остави 1.000 денари на чистачот на чевли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


