| четврток, 6 декември 2018 |

Убавата министерка од Молдавската Република повикува на кримско сценарио: Путин припои не и нас и ние сме дел од Русија!

Министерката за надворешни работи на Придњестровската Молдавска Република, Нина Штански го повика рускиот претседател Владимир Путин да го повтори кримското сценарио и во нејзината мала и непризнаена држава.

– Драго ни е што резултатите од референдумот во крим речиси во целост се полкопија со резултатите во придњестровскиот референдум од 2006 година, кога повеќе од 97 проценти од гласачите избраа независност и доброволно соединување со Русија, стои во официјалното соопштение на министерството.

-Очигледните врски меѓу волјата на народот на Крим и во Придњестровската Молдовска Република се доказ дека рускиот свет се обединува и дека желбата на народот не може да се запре, рекла Штански.

Руските војници веќе се наоѓаат во оваа мала држава како „мировни сили“, кои го чуваат мирот откако локалното население, од кое поголемиот дел се Руси, прогласи независност во 2006 година. Сега по секоја цена тие сакаат да и се приклучат на Русија, исто како и Крим.

– Ние се сметаме за дел од Русија, не без причина. Имаме правни и историски темели за тоа, рекла Штански.

Западните воени стратези предупредуваат дека Москва со припојување на Придњестровската Молдовска Република би можела да претендира и на украинскиот брег на Црното море меѓу Молдавија и Крим, кој со тоа ќе се најде меѓу руските трупи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top