| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Молчењето не го амнестира Шилегов од одговорност

vmro

ВМРО-ДПМНЕ објави два конкретни случаи, големи скандали со кои го обелодени незаконското постапување на Петре Шилегов.

Петре Шилегов спротивно на законот одлучил како претседател на второстепената комисија за жалби по јавни набавки да овозможи тендер на две фирми блиски до СДСМ.

– Значи не се работи за било кои фирми туку за фирмата Семос, во која сопственички удел има токму сопругата на Бранко Црвенковски, Јасна Црвенковска и фирмата Брилијант која е во сопственост на спознорот на СДСМ, Мите Николов. Ова се јасни случаи на одлучување кое е во спротивност со законите – рече на денешната прес-конференција Сашо Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот случај, Шилегов ја одобрува жалбата на Семос.

При отварањето на понудите, било констатирано од страна на Комисијата на Централниот регистар дека СЕМОС како понудувач нема во понудата доставено Модел на договор, иако за тоа бил законски обврзан.

Согласно член 36 од тогаш важечкиот Закон за јавни набавки, ова треба да е составен дел од тендерска документација.

Иако согласно закон немало основ да се прифати приговорот, фирмата Семос го добила тендерот со решение на кое стои потписот на Петре Шилегов.

Значи Шилегов спротивно на законот прифатил жалба на Семос, иако несмеел да го направи тоа.

dokument-Semos2222

 

 

Вториот случај е кога Шилегов ја одбива жалбата на Пекабеско, а тендерот го добива фирмата Брилијант во сопственост на спознорот на СДСМ.

Значи Пекабеско иако имал пониска понуда на цена сепак неговата жалба не била ниту разгледувана од комисијата на Шилегов со изговор дека има непотполни документи, нешто што во подоцнежната постапка се утврдило дека не е точно.

Шилегов со ваквото одлучување постапил спортивно на законите.

dokument--Brilijantin111

 

Заклучокот е дека Шилегов е вплеткан во сериозен сомнеж за организирано местење на тендери во Владата на СДСМ.

– Според ова, Шилегов е извршителот на овие сомнителни зделки кои завршуваат кај фирми блиски до СДСМ. Апсолутниот молк од Шилегов кажува дека Петре Шилегов и СДСМ бегаат од одговори. Бегаат затоа што се фатени на дело, како спротивно на законот се одлучувало за јавните набавки. Токму заслугите од времето на местење на тендери Шилегов го направија адвокат и портпарол на богатишите од СДСМ. Г-дине Шилегов тоа што молчите не ве амнестира од одговорност – изјави Трпески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top