54-годишна жена попладнево си го одзеде животот фрлајќи се од т.н. докторска зграда која се наоѓа веднаш до Клиничката болница во Битола.
Според информациите од полицијата, станува збор за 54 годишната Ј.М која не живеела во зградата од која се фрлила. На лице место пристигнала медицинска екипа и откако констатирала смрт, телото е предадено на обдукција.
Во последниве две години од истата зграда во Битола се фрлиле четири лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



