Претседателот Иванов денеска ја посети Крива Паланка, каде што оствари средба со жителите од овој град.
Во разговорите, граѓаните го запознаа претседателот со состојбите во градот и разменија мислења и предлози за натамошен развој и напредок на Крива Паланка.
Градоначалникот на Крива Паланка посочи дека локалната власт постојано работи на унапредување на животот во општината, вклучувајќи ги проектите за унапредување на патната инфраструктура, при што се реконструирани неколку локални патишта и реализирани се зафати околу водоснабдителниот систем на Станечка Река, како и доопремување на филтер-станицата за вода за пиење.
Локалните власти нагласија дека во иднина се планирани инвестиции за изградба на плоштади, шеталишта и уредување на зелените површи во Крива Паланка, а дека неодамна е извршено уредување на Градскиот музеј и киносалата. Во моментов, во тек е изградба на плоштадот „Карпошово востание“.
Со оглед на местоположбата на Крива Паланка, претседателот Иванов ја посочи можноста за реализација на заеднички проекти и засилен развој на овој регион преку зајакнување на прекуграничната соработка и искористување на средства од европските фондови за оваа намена.
Локалното население истакна дека од големо значење за овој регион е планираната изградба на делницата кон границата со Република Бугарија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани