
Македонскиот режисер Александар Поповски е добитник на наградата за најдобра режија на сатиричната комедија „Мистерија Буфо“, чиј автор е Владимир Мајаковски, а во продукција на „Словенско младинско гледалишче“ од Љубљана, на фестивалот „Денови на комедија“, во Цеље, Словенија.
Оваа претстава ги сите главни награди- прогласена е и за најдобра претстава на годината од страна на жири-комисијата. Актерите Маша Дерганац и Клемен Слакоња, кои ги толкуваат главните улоги во претставата ги освоија наградите за најдобри актерски осварувања, а Поповски ја освои и наградата од публиката „Так Си“.
-Тој создава полнокрвен театарски хумор, кој не е само забава. Хумор со јасен авторски потпис на софистицирани ситуации и со маестрални пресврти кои се користат да се постави огледало или како алатка за анализа на поединецот и неговиот однос кон општеството – се вели во образложението на жирито за наградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


