| четврток, 6 декември 2018 |

ВБА конечно победи на гости, Попов пак не играше

Вест Бромвич Албион конечно победи на гостински терен во Премиерлигата по 10 неуспешни настапи надвор од Бирмингем, а „жртва“ беше Свонси.

Со головите на Сесењо и Мулумбу, ВБА направи пресврт, победи со 2-1 и освои важни бодови во трката за опстанок. По првото полувреме Свонси имаше предност од 1-0 со голот на Лама во втората минута.

И Фулам конечно по 9 рунди пост се радуваше на триумф, а славје на „Кревен Котиџ“ донесе Дежага, со победоносен погодок против Њукасл во 68. минута. Фулам остана на последната позиција со 24 бода, колку што има и Сандерленд по ремито без голови против Кристал Палас.

Резултати: Хал – Манчестер сити 0-2, Евертон- Кардиф 2-1, Саутемптон – Норич 4-2, Фулам – Њукасл 1-0, Свонси – ВБА 1-2, Стоук – Вест Хем 3-1, Сандерленд – Кристал Палас 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top