Тим археолози предводени од Ангелики Котариди пронашле 20 нови гробници во близина на Солун, во кои е можно да биле погребани првите антички македонски кралеви.
Котариди изјави дека две од слабо зачуваните гробници би можеле да им припаѓаат на Александар Први и на неговиот син Пердика Втори.
Тие владееле во петтиот век пред нашата ера, еден век пред славниот Александар Велики. Котариди наведе дека гробниците, кои се наоѓаат во Кутлеш, се ограбени и разуранти уште во античкото време, но дека археолозите сепак пронашле вази и еден меч.
Кутлеш стана светски познат кога во 1977 година грчкиот археолог Манолис Андроникос таму ја пронајде гробницата на Филип Втори Македонски, татко на Александар Велики.
Од 1996 година овој археолошки локалитет е вклучен на листата на УНЕСКО на места од Светската историја во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.