Посебен акцент беше ставен на разгледувањето на извештајот за состојбата на автокамповите на крајбрежјето на Охридското Езеро, кој содржи и предлози и експертиза за понатамошен развој и модернизација на камповите.
Има препораки од експертската група за проектирање на камповите во специфичен вид на туризам.
Владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев во дневникот на Канал 5 телевизија посочи дека плановите за кои се дискутираше на Комитетот ќе бидат ставени на владина седница.
-Гаранција за квалитетот на овој извештај се странските експерти кои имаат богато меѓународно искуство во областа на туризмот и директно учествуваа во рамките на изготвувањето на овие препораки – рече тој.
Во тек е проект во кој владата бараше странски експерти да им помогнат на компаниите за да го ефектуираат своето производство.
-Ефектите се одлични. Проектот влезе во втората фаза на реализација. Веќе имаме доаѓање на странските експерти, практичарите и нивна работа. Ние се обврзавме и направивме еден динамичен план на секои 45-60 денови да доаѓаат по 15-тина експерти од странство и да работат во домашните компании кои искажале интерес за тоа во транспарентниот оглас кој ние го имавме. Досега динамиката се исполнува според зацртаните планови. Експерти веќе престојуваа во Македонија во компании кои се бават со прехрамбената индустрија, во областа на информатичко-комуникациските технологии, а до крајот на месецов очекуваме да пристигнат експерти кои ќе работат во компании кои работат во рамките на туризмот, производствената индустрија – рече Ѓорѓиев за Канал 5.
Во краток временски интервал има подигнување на профитабилноста или од аутпутот на компанијата која ангажирала експерти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Ѓорѓиев: Скапаа доматите од годинешната реколта, а Заев и Димитров не успеаја да испорачаат реформи за преговори со ЕУ
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)



