| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Фенингер е победничка во Светскиот куп во скијање

Австриската скијачка Ана Фенингер е победничка во генералниот пласман во Светскиот куп. Таа на денешната трка во супервелеслалом во швајцарскиот скијачки центар Ленцерхајд го освои второто место што беше доволно да го задржи првото место во генералниот пласман со 215 бода предност на две трки до крајот.
Победничка на денешната трка беше домашната натпреварувачка Лара Гут со време од една минута 17 секунди и 14 стотинки. Фенингер заостана 61 стотинка, додека трета беше словенечката скијачка Тина Мазе со заостанување од 95 стотинки.
Со денешната победа Лара Гут го освои малиот кристален глобус во супервелеслалом.
Фенингер води во генералниот пласман со 215 бода пред Гут на две трки до крајот и ја осигури победата во генералниот пласман. Најголемата конкурентка на Фенингер во генералниот пласман беше Германката Марија Хефл Риш, која се повреди на вчерашната трка во спуст и до крајот нема да учествува во Светскиот куп.
Ана Фенингер освои златен медал во супервелеслалом и сребрен во слалом на Зимските олимписки игри минатиот месец во Сочи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top