Родителите чии деца се на подолг престој во Клиниката за детски болести, а не се од Скопје, наскоро ќе имаат можност да престојуваат во хотел за родители во близина на своите деца додека се на лекување, најавуваат од Министерството за здравство. Хотелот ќе се гради во рамки на Kлиничкиот центар, поточно ќе биде дел од катната гаража чија изградба ќе почне деновиве.
Ова ќе биде вистинско олеснување за стотици родители чии деца се лекуваат на Kлиниката, а живеат во внатрешноста на Македонија, дел од нив досега спиеја кај роднини или на столче покрај децата.
Од кабинетот на министерот Никола Тодоров велат дека во согласност со планот за изградба на Kлиничкиот центар „Мајка Тереза“, се предвидува да се изградат две катни гаражи, а во еден од објектите е предвидена можноста 30 отсто од вкупната површина на објектот да биде искористена за изградба на хотел токму за родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.