| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија се најде на листата земји во кои најмногу се пие вино

vino-6

Со испиени околу 42 литри вино по жител годишно, Македонија се наоѓа на високото седмо место на листата држави каде што се пие најмногу вино. Листата ја подготви Винскиот институт од Калифорнија, а според мапата изработена со податоците за 2012 година, Македонците, Хрватите и Словенците пијат најмногу вино на Балканот. Тоа што изненадува е  фактот што Ватикан e прв на листата на консументи на вино, со годишна потрошувачка од приближно 74 литри по жител.

Овој парадокс, можеби, се објаснува со фактот дека во оваа град-држава виното се користи за церемонијални почести, а неретко се случува Италијанци да дојдат во Ватикан од каде што купуваат вино ослободено од данок. Но, за ова рангирање, може да е виновна и демографијата, бидејќи во Ватикан живеат мал број луѓе, што го дига просекот на количината испиено вино.

По Ватикан е Андора со годишна просечна потрошувачка од повеќе од 46 литри, a потоа земјата што е препознатлива по производство на овој за многумина волшебен напиток – Франција.

Од земјите во регионот, Словенија е петта со потрошувачка од 43 литри по жител, а едно место над нас е Хрватска со еден литар помалку.

Швајцарија, Италија, Австрија, Грција, Белгија… се земји, кои, во просек, имаат преку 30 литри вино по глава жител.

Институтот за вино од Калифорнија се занимава со собирање и обработка на податоци за производство, но и за потрошувачка на виното. Токму оваа мапа покажува колкава е потрошувачката по глава жител за секоја земја во текот на 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top