| четврток, 6 декември 2018 |

Росоманци задоволни од исплатените субвенции и вработувањата во „Дрексел Мајер“

rosoman-ivanov1-500

Претседателот Ѓорге Иванов попладнево беше во посета на Росоман, каде оствари средба со граѓаните.Жителите на Росомaн, чие главно занимање е производство на земјоделски производи, изразија задоволство од исплатените субвенции. Во земјоделството во подрачна единица Кавадарци во периодот од 2006 – 2013 г. – се исплатени приближно 1.9 милијарди денари, а само во 2013 г. се исплатени 240 милиони денари субвенции, пред се во овоштарството и лозарството.
Од аспект на транспортот на земјоделските производи, жителите на Росоман посочија дека од сособено знаење за нив е патната инфраструктура, при што го поздравија проектот за реконструкција регионалниот пат Кавадарци – Росоман, инвестиција во вредност од околу 4,5 милиони денари.rosoman-ivanov-500

Воедно, жителите на Росоман истакнаа дека во последните неколку месеци околу 200 лица од нивната општина се ангажирани во германската фабрика „Дрексел Мајер“, што е од особено значење за подигнување на стандардот во нивната општина.

Градоначалникот на Росоман, информираше дека континуирано се работи на подобрување на патната инфраструктура во општината, дека се изведени 3 локални патни правци, асфалтирани улиците во сите населени места, поплочени тротоари, и дека оваа година се планира изведба на еден локален пат во вредност од 21.7 милиони денари. Воедно, во тек е изградбата на спортска сала во ОУ „Перо Тошев“, а се очекува и отворање на нова детска градинка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top