| четврток, 6 декември 2018 |

Не се знае колку долго ќе трае будењето од кома на Шумахер

Седумкратниот шампион во Формула 1 Михаил Шумахер веќе два месеци е во кома откако доживеа тешка несреќа за време на скијањето во Франција, на крајот од минатата година.

Неговата портпаролка Сабине Кем ја демантираше информацијата дека будењето од кома на Шумахер било прекинато, а според нејзините зборови, целата таа постапка би можела да трае прилично долго.

– Се уште не знаеме колку долго може да трае процесот на будење од кома. Може да биде прилично долго – изјавила Кем.

Дури и да се разбуди од кома, според проценките на невролозите тој нема повеќе да биде истиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top