| четврток, 6 декември 2018 |

Пет евра на кирилица

Кириличниот напис „евро“ на новата банкнота од 5 евра е политички сигнал за Бугарија, која е надвор од еврозоната ,и до Македонија и Србија

Марио Драги, претседателот на Европската централна банка, ја претстави банкнотата од 5 евра на која името „евро“ е напишано и со кирилично писмо. Презентацијата беше главен настан на изложбата „Новото лице на Европа“ во Франкфурт. Во оптек ќе биде пуштена во мај.

Освен оваа измена, насликан е и портрет на Европа од грчката митологија. Банкнотата има потопли бои и подобра заштита од бледеење.

Марио Драги и новата банкнота

Марио Драги и новата банкнота

Сепак, според Еуроактив, најголема измена е користењето на кириличното писмо, што, според аналитичарите, е политички сигнал. Бугарија е единствената членка на ЕУ во која се користи кирилица, но сè уште е далеку од еврозоната, а кириличното писмо е официјално и во двете држави кандидатки Македонија и Србија.

Нови банкноти од 10, 20, 50, 100, 200 и 500 евра ќе бидат воведувани во текон на следните неколку години, со со стариот изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top