| четврток, 6 декември 2018 |

Косовските „човечки органи“ пред нов трибунал на ОН?

Според српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ процесот за трговија со човечки органи во Косово и Албанија во 90-те години, кој се истражува од специјален тим на ЕУ на чело со американскиот обвинител Клинт Вилијамсон, може да се води во нов специјален трибунал под надзор на ОН.

Human-organ– На неодамнешната средба во Брисел Вилијамсон ја прифати мојата идеја евентуалниот процес да биде надвор од територијата на Косово, пред меѓународен трибунал под надѕор на ОН, изјави Вукчевиќ.

Вукчевиќ истакна дека договорил и средба со канадскиот обвинител на ЕУЛЕКС Џонатан Рател кој работи на случајот Медикус за илегална трансплантација на органи во клиника во Приштина, кој има допирни точки со истрагата на трговија со органи за време на конфликтот во Косово и во Албанија, воден од српското обвинителство.

– Српското обвинителство за воени злосторства се јавува како посредник меѓу ЕУЛЕКС и Русија, која исто така го истражува случајот Медикус, рече Вукчевиќ.

medicusТој истакна дека Русија не сака да дава материјали од истрагата на Рател, бидејќи не го признава Косово и правниот систем на ЕУЛЕКС, но се согласила да му даде на српското обвинителство одредени докази на сведоци, кои Рател ги побарал.

Вукчевиќ рече дека турскиот лекар Јусуф Сонмез, осомничен за случајот Медикус, неодамна избегал од Република Јужна Африка, која не го признала Косово и затоа не реагирала на барањето на Приштина за негово екстрадирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top