| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивна исповед на Лино Червар: Ништо не бараме, ние сме само среќни

„Македонците имаат две срца“

Видливо растревожен по победата против Барселона, Лино Червар, кој неколкупати беше прекинуван со аплауз на прес-конференцијата по мечот, изјави дека е горд што води тим како Металург.

– Многу ми е мило поради момчињата, многу, еве овде е Митревски, беше фантастичен, како и сите други. Имаме многу проблеми кога го дигнавме гласот, одма бевме нападнати дека нешто бараме. Ништо не бараме,  ние сме само среќни,  среќен сум што во Макеоднија имаме екипа како Металург.

Мислам дека тимот прави голема промоција за државата, денеска многу луѓе во Европа и пошироко го гледаа ова. Малку бев несреќен. Јас сум девица и сите овие работи кога не се точни, ми паѓаат тешко. Пред натпреварот читав еден наслов дека поразот во првиот меч во Барселона бил срамен. Не е точно, драги мои, ние таму лошо игравме, но срамно беше само судењето на арбитрите, а не нашата игра – изјави Червар на прес- конференцијата.

Не плачевме што не игра Мојсовски, а знаете ли кој е Мојсовски, тоа е лидер на тимот, топ играч, знаете ли кој е Атман, цело време го лечевме Коџо, но не се жалиме, го оставивме срцето на паркет и многу ѝ се заблагодарувам на публиката. Посебно ми е мило за коректниот однос од Барселона, тоа и нашиот Киро (Лазаров) го кажа, тие сакаа да нѐ победат и тоа како, сакаа да завршат без пораз и да кажат дека тие се фаворити во понатамошниот дел од Лигата на шампионите“.

Ние сме трета година по ред сме во Топ 16, ние и уште 5 екипи, мислам дека денес играчите одлично го отворија натпреварот. Веле , Јоновски, Миркуловски да не ги споменувам голманите, сите беа одлични. Ние денес ги надигравме. Тоа не може да го оспори. Ние денес им дадовме и малку школо иако тие се врвен тим и тоа никој не може да им го одземе.

Во некои моменти играта на Миркуловски, храброста на малиот Ојлевски, со сета храброст и позитивна дрскост беа одлични. Не се сложувам дека игравме бавно. Ракометот не е атлетика тоа е вештина. Ова го зборувам за сите нас , сите вас да ве охрабрам. Еве тука е Митревски, страшен играч македонците имаат две срца, а ти си одличен – му се обрати на крајот Червар на голманот на Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top