| четврток, 6 декември 2018 |

Рација во домови на полицајци-криволовци во Кратовско

Кумановското СВР денес, заедно со ветеринари и со ловни инспектори извршиле рација во 12 домови, како и во ловното друштво „Буковац“, при што биле запленети и одземени 24 ловни пушки, три пиштоли, поголема количина муниција, маскирни униформи, едно возило со кое е извршен транспортот на отстреланите диви свињи, како и месо од разновиден дивеч, со сомнение дека се работи за диви свињи, див зајак и срна за која со закон е забранет лов.

Полицијата тврди дека минатиот месец кај местото викано Мати Камен или Вучји Колиби, во атарот на село Сакулица, Кратовско, било извршено масовно сотирање дивеч. Кумановски полицајци извршиле проверки при што дознале дека ловното друштво „Буковац“ од Кратово за 16 декември издало дневни дозволи на две групи од по 10 ловџии. По завршување на ловот тие пријавиле дека отстрелале само една дива свиња, како што е предвидено според законските прописи, меѓутоа, според доказите со кои располага СВР Куманово, се работи за отстрел на осум диви свињи.

Во овие криминални дејства биле вклучени и полициски службеници од Кратово и од Куманово, кај кои, исто така, е извршен претрес и се приведени како и сите други сторители, за што е запознаен и Секторот за внатрешна контрола и за перофесионални стандарди при МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top