
Министерството за финансии исплати 305,2 милиони денари субвенции на 18.688 земјоделци за одгледување полјоделски култури.
Исплатени се субвенции на земјоделци што одгледуваат пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, леќа, кикиритки, соја, маслодајна репка, добиточна репка, афион, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут и луцерка низ цела територија на Република Македонија.
Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


